Мени

Угостителските услуги за една година поскапеле за 2,8 отсто

06.05.2026 15:43 | KumanovoNews

Цените на угостителските услуги во април 2026 година во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 2.8 %.

Угостителските услуги за една година поскапеле за 2,8 отсто

„Во периодот јануари – април 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 3.0 %, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 0.6 %“, соопшти Државниот завод за статистика. 

Цените во угостителството во април 2026 година, во однос на март 2026 година, во следниве групи се зголемени за:
0.8 % кај храната, 0.2 % кај алколхолнит пијалаци и 0.1 % кај безалкохолните пијалаци. 

Во групата ноќевања не е забележана промена на цените.