×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • УЈП ќе прима годишни даночни пријави и во понеделник

    13.03.2014 08:19 | KumanovoNews

    Управата за јавни приходи и во понеделник ќе прима годишни даночни пријави бидејќи крајниот рок 15 март се паѓа во сабота .

    УЈП ќе прима годишни даночни пријави и во понеделник

    Доколку граѓаните во текот на 2013 година покрај нивната плата или пензија на пример оствариле и приходи од издавање под закуп на станбен објект, кирија или оствариле хонорар по основ на авторски договор, учествувале во наградна игра и оствариле добивка, имаат обврска сите нивни приходи да ги пријават во УЈП со поднесување на Годишна даночна пријава најдоцна до 15 март 2014 година. Додека граѓаните кои имаат остварено приход само од плата, пензија, земјоделска дејност или самостојна дејност не се должни да поднесат Годишна даночна пријава - изјави Сузана Стошевска Николовска, регионален портпарол на УЈП Регионална дирекција Штип.

    На ниво на регион се поднесени 20.003 Годишни даночни пријави од кои 4924 се поднесени во Куманово.

    Во Македонија вкупно се поднесени 108.763 Годишни даночни пријави од кои 760 се доставени електронски.