Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од Управата за јавни приходи апелираат граѓаните навреме да поднесат годишна даночна пријава и да не чекаат обврската да ја завршат во последен момент.
Годишна даночна пријава за приходи остварени во текот на 2014 година треба да поднесе до 15 март.
„Апелираме граѓаните задолжително да поднесат годишна даночна пријава, доколку во текот на 2014 година издавале под закуп или подзакуп: станбен или деловен простор, гаража, земјиште, викендица, опрема, превозни средства или друг вид на имот. Склучиле авторски договор, односно оствариле приход од авторски права и права од индустриска сопственост, им бил исплатен регрес за годишен одмор (К 15), им била исплатена дивиденда или камати по основ на заем кој го дале на физичко или правно лице, оствариле капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот. Оствариле добивка од општите игри на среќа (од лото, бинго, квизови, наградна игра и сл.) во износ поголем од 5.000 денари, сте оствариле приход од откуп на цврст отпад, имате лични примања од странство, или сте оствариле и „други приходи".“ - изјави Сузана Стошевска Николовска, регионален портпарол на УЈП, Регионална дирекција Штип.
Годишна даночна пријава не треба да поднесуваат граѓаните кои во текот на годината имаат остварено само приход од: плата; пензија, земјоделска дејност и самостојна дејност.
Добивките од посебните игри на среќа (казино, автомат клуб или обложувалница) остварени во текот на 2014 година, не треба да се пријават во Годишната даночна пријава.
Даночно одделение Куманово работи секој работен ден од 8.30 до 18 часот, а во сабота од 8.30 до 14 часот.
Досега 5855 кумановци поднеле Годишни даночни пријави во УЈП.