Украдени компјутери од „Крсте Мисирков„
01.09.2012 15:48
| KumanovoNews
Непознати сторители ноќеска украле 28 монитори и 5 куќишта за компјутер од кабинетите во Основното училиште „Крсте Мисирков„.

Крадците во училишната зграда најверојатно влегле по полноќ и не биле забележани од никого. Тие провалите и во канцелариата на директорот од каде однеле телевизор и видео камера. Се проценува дека е направена штета од околу 300.000 денари. Полицијата извршила увид на лице место и работи на откривање на крадците.