×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Украдени лулашки и скршени клацкалки во новото детско паркче на „Октомвриска“

    13.11.2023 14:51 | Сузана Николиќ

    Непознати вандали ноќеска го оштетиле новото детско паркче помеѓу зградите кај т.н. „Мај маркет“ на „Октомвриска револуција“ во Куманово.  Извадени се и украдени две лулашки, а скршени се седиштата на клацкалките.

    Украдени лулашки и скршени клацкалки во новото детско паркче на „Октомвриска“

    „Утринава сосед видел дека е оштетно паркчето. Жално е што не го сочуваваме ни 4 дена. Синоќа тука се врткале неколку тинејџери, дали тие ја направиле штетата не знам. Како и да е, ќе бараме од надлежните да се постави видео надзор, сами ќе финасираме, само да се заштити и да не се уништува она што ќе се направи“, вели Александар Трајковски, претседател на месната заедница „Панче Пешев“.

    Проектот за поставување на урбаната опрема во паркчето го реализираа невладината организација „Ромалитико“ од Скопје, со финансиска поддршка на УСАИД програмата за развој на заедницата имплементиран од Мрежата за рурален развој РДН во партнерство со ЛАГ Абер 2015 и соработниците ДРОМ Куманово и Здружението на артисти за графити и мурали Форма Куманово.

    Ова не е првпат да се оштетува урбаната опрема во уредените паркови, поради што граѓаните бараат координација меѓу надлежните институции Општината и МВР, заради спречување на ваквата појава, а не само префрлање на вината.

    Во паркот се поставени лулашки, лизгалки, клацкалки, неколку масичи, клупи, канти за отпадоци за да целото место затскриено во зградите добие урбан и уреден лик, кој патем има и конкретна и практична намена.

    Поради убавото време денeска паркчето беше полно со дечиња и родители, исто како и за време на викендот.