Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Педесет и тригодишен кумановец е приведен под сомнение дека одзел повеќе предмети од двор на основно училиште во Куманово.
„По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Куманово го пронашле сторителот од с. Романовце, кумановско, кој во службен разговор во полициска станица го признал делото. Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.