Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Уличен тениски фестивал денеска се одржа на Градскиот плоштад во организација на техниски клуб „Куманово 2010“ и „Ротари“ клуб.
Граѓаните кои беа присутни на плоштадот можеа да играат тенис и да се забавуваат. Целта на овој настан е да се популаризира тенисот меѓу кумановци.
Фестивалот на некој начин е забава. Јас гарантирам дека во мислите на луѓето ќе остане тенисот. Тие што играле ќе сакаат пак да играат. Ова е отворена манифестација и секој кој го сака тенисот може да ужива, да се забавува. Полесно е да држиме рекет во рака, отколку чаша, многу е позабавно и поефектно - вели Горан Китановски, тренер и претседател на „Куманово 2010“.
Фестивалот предизвика интерес кај кумановци, се бараше поставување на тениска мрежа повеќе. Голем број деца и млади се вклучија во настанот.
Член сум на клубот две години и два месеци. Го сакам тенисот. Настанот е убав, добро организиран - вели Филип Даштевски, тенисер.
Овој настан е подготовка за есенскиот тениски турнир кој за шест дена ќе се одржи во Куманово во организација на тениски клуб „Куманово 2010„ и „Ротари“ клуб.