Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипите задолжени за зимско одржување на улиците од вчера попладне фрлиле 45 тони сол по сообраќајниците во градот. Од 17.30 часот се интервенира постојано, но снегот што интензивни паѓа повторно ги затрпува улиците.
Најголем проблем е што температурите се многу ниски, па солта не дејствува. Улиците ги чистиме и со тешка механизација, но снегот постојано паѓа и ги прекрива. Апелираме до граѓаните да ги тргнат колите за да можат непречено да поминуваат возилата на екипите за чистење на улиците-вели Мoмчило Јовановски, од секторот за урбанизам.
Тој вели дека засега сообраќајот се одвива забавено, но без поголеми проблеми.На некои улици има наноси од снег но тие работат на нивно отстранување. Претпријатијата што ги чистат улиците имаат доволни количини сол.