Улична анкета за управување со отпадот
17.01.2014 13:24
| KumanovoNews
На Градскиот плоштад утре од 11 до 15 часот ќе се спроведе анкета со граѓаните за управување со отпадот.

Случајни минувачи ќе треба да одговорат на неколку прашања, меѓу кои дали селектираат отпад, дали знаат што е компостирање, дали слушнале за проектот за управување со отпад и слично. Оваа анкета е дел од проектот за подготовка на регионални планови за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион и оценка на влијанијата врз животната средина, финансиран од ЕУ, а реализиран од консултантската куќа Енвироплан со своите партнери.
Поканети да учествуваат во уличната анкета се и невладините организации од градот.