Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово денеска на прес-конференција го обвинија градоначалникот Зоран Дамјановски дека во општината вработува роднини, пријатели и кумашини.
Велат дека Дамјановски ја приватизирал општината со тоа што вработува негови блиски и роднини и пријатели на раководството на СДСМ, а овие кадри се плаќаат со народни пари.
Наместо критериумот образование и диплома, дипломата во Куманово е партиска книшка од СДСМ. Но тоа не е доволно, потребно е според Дамјановски и СДСМ да се има и сина крв. Критериумот стручност го заменија со критериумот задолжителна роднинска поврзаност со некој од раководството на СДСМ. Има уште критериуми, секој нововработен наместо на граѓаните тој треба да служи на партиските и приватните интереси на врхушката на СДСМ. Резултатот на сето ова е општина во милионски долгови, нефункционални претпријатија, Куманово како во среден век. Овие критериуми не ги исполнуваат способните, младите и образованите туку роднините на Зоран Дамјановски и роднините на Оливер Спасовски и претседателот на СДСМ - изјави Никола Перовиќ, потпретседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово.
Посочија дека Дамјановски, претседателот на СДСМ, Мартин Костовски и претседателот на Советот на општина Куманово, Максим Димитриевски ги вработиле своите најблиски во јавните претпријатија, училишта и слично.
Од УМС на ВМРО-ДПМНЕ бараат општината да им се врати на граѓаните.