УМС на ВМРО-ДПМНЕ засади 100 садници на Даштев рид

21.11.2020 - 21:11

 Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМЕ при ОК Куманово, денеска организираше акција за пошумување на Даштев рид. Притоа засадија 100 зимзлени садници.

УМС на ВМРО-ДПМНЕ засади 100 садници на Даштев рид

- Во време кога непознатиот вирус немилосрдно одзема животи, а истовремено имаме голема загаденост, УМС нанијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ при ОК Куманово, самоиницијативно се организираше и засади 100 садници, на локација позната како Даштев Рид. Ги повикувам нашите сограѓан да се вклучат во ваквите и слични иницијативи и да помогнеме на нашиот град во борбата против енормната загаденост, која е штетна по здравјето на сите кумановчани, - изјави претседателот на УМС Филип Стефановски.

На акцијата учествуваа и пратеникот Бране Петрушевски и претседал на унија на жени Сузана Максимовска.


2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk