Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод празникот на жената 8 Март, реномираната продавница за накит и часовници „Тајмлесс“ нуди богат асортиман на модерен и уникатен сребрен накит.
Покрај најпродаваните Сваровски елементи, синџирчиња, обетки и нараквици со врвен квалитет, поседуваат и голем избор на рачни машки и женски часовници.
Како секоја година така и оваа за нашите верни потрошувачи имаме подготвена специјална понуда на часовници. За секој купен часовник следува подарок накит Савровски. По повод празникот ќе имаме извонредни цени и посебни поволности на сиот брендиран накит,- велат од „Тајмлесс„.
Менаџерскиот тим на „Тајмлесс„ секогаш е во чекор со времето и модните трендови, а искуството го црпе од големите светски сајмови за накит. Досега ги имаат посетено сајмовите во Виченца Италија, Истанбул Турција и Нови Сад Србија, а за првпат оваа година ќе го посетат најпрестижниот саем за часовници во Базел Швајцарија.
Секогаш настојуваме да бидеме во центарот на големите случувања поврзани со накитот и часовници, и затоа редовно ги посетуваме сајмовите. Таму се претставниците на најголемите светски брендови со кои може да се отпочне соработка и да се види што е ново на пазарот. Нашата последна посета вроди со плод и ние за првпат во Куманово ќе донесеме ексклузивен накит од двата бренда „Армани“ и „Фоссил“. Она што таму имаме можност да го видиме настојуваме да го пренесеме во нашата работа. Ние сме релативно млада фирма, но наша школа и поддршка е искуството и традицијата на човекот кој ја води најпознатата златарница во градот „Пепи„, - додаваат со гордост сопствениците.
Накит од „Тајмлесс„ носат најмодерните дами во градот и регионот. „Тајмлесс„ како познат кумановски бренд соработуваа со сите институции во градот, а посебно со Кумановскиот музеј и познатите модните креатори, кои го користат нивниот накит на модните ревии. За новогодишните празници „Тајмлесс„ организираше наградна игра за редовните купувачи и своите деловни пријатели, при што подели над 30 награди. Истото го предвидува и за матурските прослави. Со својата посветеност во работењето менаџментот успеја да се наметне пред другите и да ја добие довербата и на најпребирливите купувачи.
Од „Тајмлесс„ на сите припаднички од понежниот пол им го честитаат празникот и ги покануваат да ги посетат.