×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Уништени десетина нови клупи на Градскиот кеј во Куманово

    03.01.2024 10:55 | Оливера Пешевска

    Две клупи се целосно скршени, а уште 4-5 се откорнати од од своето лежиште и превртени на Градскиот кеј во Куманово. Вандализмот се случил во првите два дена во новата годината. 

    Уништени десетина нови клупи на Градскиот кеј во Куманово

      „На 1 јануари ноќта уништени се две клупи, од кои едната целосно скршена и турната до коритото на реката. Утринава добив информација дека се оштетени уште 4 или 5, од кои една веќе неупотреблива. Поминаа само два месеци од нивно поставување“, истакна Даниел Стојчевски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“.

    Сторителите се повторно непознати, а граѓаните бараат од надлежните да се преземат некоја мерка за откривање на сторителите.

    Ова повторно го актуализира барањето на граѓаните за поголем ангажман на полицијата, воведување на комунални редари или поставување на видео надзор на јавните површини. Надлежните служби си ја префрлаат одговорноста, додека општинската администрација во изминатите три години набави целосно нова урбана опрема.

    „Апелираме до граѓаните за зачувување и неоштетување на урбаната опрема поставена на јавните површини. Апелираме и до МВР да воспостави редовни контроли со цел спречување на вандалските дејствија и соодветно казнување на сторителите“, велат од „Чистота и зеленило“.

    Општина Куманово ќе ангажира фирма која ќе врши санација на уништената урбана опрема.

    Во последните години често се случува уништување на урбаната опрема, детски игралишта и друга опрема поставена во различни делови на градот. Последен пат клупите беа уништени кон крајот на октомври 2023 година, а новите, бетонски поставени само десетина дена подоцна. Не издржаа ни два месеци.