Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Стечајните работници денеска протестираа пред подрачната канцеларија на Управа за јавни приходи во Куманово, со барање најзагрозените семејства да бидат ослободени од обврската да плаќаат радиодифузна такса.
На повеќето стечајци сметките им се блокирани заради долгот кон МТВ, а тие немаат сретства ни за основна егистенција.
Не дојдовме да правиме нереди, туку со мирен протест да побараме да бидеме примени и да им укажеме на господата од УЈП, да ја сфатат нашата ситуација и да бараме ослободување за најзагрозените стечајци и социјалци. Имаше луѓе кои земаат по 2000 денари социјална помош, а им беше одбиено по 1000 и нешто денари што е недозволиво. На сопругот од боледување му се одбиени 3000 денари. Треба да се стави крај на едно “модерно силување“ од страна на оваа Влада кон овој гладен народ - вели Лилјана Георгиевска, претседател на УНИТ.
Стечајците сметаат дека рокот за плаќање треба да се пролонгира за оваа категорија граѓани и заостанатите сметки за радиодифузна такса да ги платат кога ќе бидат во можност.
За истиот проблем стечајците досега неколку пати протестираа, а во сабота во Скопје ќе се појават на “Маршот против сиромаштијата“.