Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Стечајците денеска протестираа пред Регионален синдикат и пред штабот на ВМРО - ДПМНЕ во комитет при што се заканија дека ќе ги исфрлат од просториите затоа што не помогнале за нивно обештетување.
Им дадоа рок до понеделник да се иселат од просториите, а ќе се вратат кога власта ќе ги обештети стечајците.
До понеделник како знаат и умеат да ни обезбедат средба со Живко Митревски било да е тоа во Скопје или Куманово, во спротивно ќе бидат исфрлени. Ќе знаеме дека нема синдикат и нема зошто да седат тука. Таканаречен синдикат нека оди во ССМ во Скопје. И на господата од ВМРО-ДПМНЕ ќе им кажеме да си најдат чаре, да ги нема до понеделник во простории. Ова е градено, одбивано од наши плати, ние сме градители на ова општество. Нема да дозволиме некој веќе да не иритира, да не гледа, да не брои - изјави Лилјана Георгиевска, претседател на УНИТ.
Таа обвини дека Агенцијата за вработување манипулира со стечајците и не излегува со листа на фирми кои ќе бидат опфатени со материјално обезбедување од 7100 денари месечно.