×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Уште 78 нови случаи на ковид-19 во Куманово

    15.01.2022 21:19 | Сузана Николиќ

     Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.564 тестови, а регистрирани се 1.635 нови случаи на ковид-19. 

    Уште 78 нови случаи на ковид-19 во Куманово

    По градови: Скопје – 785, Прилеп – 121, Битола – 110, Куманово – 78, Кичево – 47, Кавадарци – 44, Велес – 41, Струмица - 39, Гостивар и Охрид – по 38, Тетово – 37, Радовиш – 28, Штип – 27, Струга – 25, Гевгелија – 23, Кочани – 21, Неготино – 20, Ресен – 17, Крива Паланка, Валандово и Крушево – по 11, Свети Николе и Делчево – по 9, Берово – 7, Македонска Каменица – 6,  Богданци и Македонски Брод – по 5, Виница и Пробиштип – по 4, Кратово, Демир Хисар, Демир Капија и Пехчево – по 3 и Дебар – 2. 

    Од вкупниот број на позитивни (1.635), регистрирани се 184 реинфекции.

    Регистрирани сe 1.276 оздравени пациенти од: Скопје – 794, Битола – 114, Прилеп – 85, Куманово – 38, Штип – 31, Охрид – 28, Гевгелија – 27, Кавадарци – 20, Кичево – 19, Гостивар – 16, Велес – 15, Кочани – 13, Тетово – 11, Делчево – 10, Ресен – 9, Свети Николе, Радовиш, Богданци и Крушево – по 5, Струга и Пробиштип – по 4, Неготино и Берово – по 3, Дебар, Виница, Македонски Брод и Пехчево – по 2, Кратово, Демир Хисар, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

    Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица:  6 починати лица од Скопје (50г, 66г, 66г, 67г, 83г и 85г), 2 починати лица од Битола (62г и 69г) и едно починато лице од Прилеп (77г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

    Направени се 7.564 тестови преку: ИЈЗ-397, ЦЈЗ Скопје-82, ЦЈЗ Битола-110, ЦЈЗ Прилеп-67, ЦЈЗ Тетово–14, ЦЈЗ Куманово-144, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–169, Жан Митрев (Филип Втори)-138, Авицена-403, Биотек-326, Систина-150, лабораторија Лаор-445, Синлаб-116, Ремедика-30, Плодност-111, Генеа-24, Никоб Лаб-995, ВФВ Медикал-119, Ели Медика-35, Ројал Медика–79, Спектра-ММ-35, Рапид Лаб–46, Жан Митрев Струмица–54, Нова Лаб Дијагностика–74, Рамус-24, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.371.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.700.555 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 243.284, бројот на оздравени пациенти е 219.616, на починати е 8.092, а бројот на активни случаи изнесува 15.576.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

    Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
    Скопје 109149, Активни 8336
    Куманово 13747, Активни 529
    Прилеп 11842, Активни 872.