Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Седумдесет и тригодишен кумановец е најновата жртва на измама со огревно дрво. Наводниот продавач, кој "оперира" цела зима во Куманово успејал да го му земе 6000 денари и да побегне.
„Вчера во СВР Куманово 73-годишен маж пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 6.000 денари. Според пријавеното, откако лицето му понудило огревно дрво и тој му ги дал парите, се упатиле на местото каде наводно биле складирани дрвата. Притоа, како што стои во пријавата, лицето му кажало дека ќе се врати, откако ќе провери до каде е камионот за транспорт на дрва, но не се вратило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информира МВР.