Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
65-годишен маж од Куманово е нова жртва на измамникот кој низ градот се претставува како продавач на огревно дрво.
По веќе добро разработена шема, наводниот продавач на семејството и понудил за 8000 денари да му продаде огревно дрво.
Откако се договориле, тој го одвел купувачот да ги видат дрвата, но додека наводно го чекале камионот, тој успеал да се сокрие и да се врати во неговиот дом и од сопруга да ги земе парите. Потоа побегнал.
„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти СВР Куманово.
Измамата со огревно дрво трае со години, а мета се главно повозрасни граѓани.