Мени

Уште една измама со огревно дрво - кумановец останал без 100 евра

26.09.2024 13:58 | KumanovoNews

Шеесет и тригодишен кумановец вчера пријавил во полицијата дека бил измамен од едно лице за сума од 100 евра. 

Уште една измама со огревно дрво - кумановец останал без 100 евра

Според пријавеното, лицето му понудило огревни дрва и откако се договориле заедно се упатиле на местото каде наводно требало дрвата да пристигнат. 

„Како што е пријавено, лицето го оставило пријавителот да чека и заминал наводно да смени девизи, но се упатил во домот на пријавителот, каде што ги побарал парите од неговиот брат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.