×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Уште недовршени почнаа да ги уништуваа летњиковците на Студена Вода

    12.07.2020 11:30 | KumanovoNews

     Вандали уништиле дел од опремата на летњиковците,  коишто Општина Куманово ги гради на излетничкото место во м.в. Студена Вода.

    Уште недовршени почнаа да ги уништуваа летњиковците на Студена Вода

     Градоначалникот Максим Димитриевски, денеска апелираше да престане вандалското однесување на поединци, но ги повика граѓаните да пријават доколу виделе кој го сторил тоа, а полицијата да ги открие сторителите.

    „Најостро го осудувам вандалскиот чин на уништување на урбаната опрема која е во фаза на градба на локалитетот Студена Вода во с.Доброшане. На оваа локација која има историско значење за нашиот град и држава од периодот на НОБ Општината гради викенд населба која треба да биде во функција на граѓаните за дневни прошетки и викенд дружби. Апелирам да си го пазиме и чуваме заедничкиот општествен имот а надлежните од МВР да ги пронајдат сторителите на овој вандалски чин. Ќе следува пријава против НН сторител, доколку некој граѓанин има сознание за овој вандалски чин го молам да пријави во општината и СВР Куманово“, - напиша Димитриевски.

    Ова не е првпат во градот да се уништува се што има општокорисна функција. На мета на вандалите се клупите во парковите, канделабри, контејнери, жардиниери. Досега сторителите се откриени.