×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Собранието ги усвои законските измени за минимална плата од 18 илјади денари

    23.02.2022 20:14 | Сузана Николиќ

    Собранието денеска ги усвои законските измени со кои минималната плата се зголеми од 15 на 18 илјади денари. 

    Собранието ги усвои законските измени за минимална плата од 18 илјади денари

    Законските измени се донесоа по скратена постапка, гласаа 90 пратеници, сите „за“.

    Со законските измени, се очекува околу 80 илјади работници во април да земат покачена минимална плата. За помош на фирмите за зголемување на минималната плата во буџетот се предвидени 16 милиони евра, кои ќе се искористат за покривање на разликата во придонесите во првата година.

    Со измените се менува и методологијата за годишното усогласување на минималната плата, па така ќе има тековно усогласување на минималната плата со годишниот раст на просечната плата и на трошоците за живот. Висината на минималната плата не смее да биде пониска од 57 отсто од просечната плата.