Утре истекува рокот за поднесување на годишна даночна пријава
14.03.2013 13:30
| KumanovoNews
Утре е последниот ден кога граѓаните можат да ги пријават дополнителните приходи во Управата за јавни приходи.

Годишната даночна пријава треба да поднесе секој граѓанин кој освен платата или пензијата, остварил и друг дополнителен приход во текот на 2012 година. Даночната пријава може да се поднесе на шалтерите во сите даночните канцеларии од 08.30 до 16.30 часот, преку мобилните даночни шалтери, преку пошта и преку интернет со дигитален сертификат на УСБ токен.
Од вкупно 200 илјади граѓани, колку што се очекува да поднесат Годишна даночна пријава до УЈП, 130 илјади веќе ја исполниле својата обврска.