×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Утре ќе одржи првата Кумановска суџуклијада, целодневна забава за посетителите во Касапски круг

    10.10.2023 08:14 | Оливера Пешевска

    За прв пат годинава се организира гастрономската манифестација „ Кумановска суџуклијада“, која има цел да го промовира најпознатиот кумановски бренд, суџукот и колбасите. Замислена е како целодневна забава во популарниот Касапски круг, која ќе започне во 15 часот и ќе трае до крајот на работното време на угостителите.

    Утре ќе одржи првата Кумановска суџуклијада, целодневна забава за посетителите во Касапски круг

    Организатор е Здружението на угостители Бисер од Куманово, со поддршка на компании од месопреработувачката индустрија од градот.
     
    „Како за прв пат своите производи-суџук и колбасите ќе ги претстават 4 компании: Корнер Баба Цана, БДА, Никси и Гроздановски. Останатите колеги ни даваат целосна поддршка, со ветување дека од следната година ќе се приклучат, но сега од техничко-организациони причини нема да се претстават на манифестацијата“, истакна Тони Димитриевски, претседател на здружението Бисер и сопственик на Корнер Баба Цана.

    Масите и столовите ќе бидат тргнати, ќе има место за стоење на високи, барски масички за да се направи простор за повеќе посетители. На лице место ќе се печат производите на различни производители, за да може да се дегустира и оцени нивниот вкус и квалитет.

    Ексклузивно ќе се служат само вина од три винарии кои работат на територијата на Општина Куманово.

     „Секако ќе се служат и безалкохолни пијалоци и пиво од познат македонски бренд, но сакаме да направиме промоција и на производителите на вино од нашиот крај. Така на лице место ќе покажеме дека покрај извонредниот и единствениот суџук, можеме како град да понудиме и врвни вина“, појаснува Димитриевски.

    Манифестацијата започнува во 15 часот, но официјалното отворање на програмата е во 19 часот кога постхумно ќе биде доделена благодарница на прерано починатиот Дејан Гроздановски, на член од неговото семејство. Потоа започнува музичко-забавната програма со настап на тамбурашкиот оркестар Гезме, групата Солуш,за на крај како круна на вечерта да настапат Бени и Нон-стоп.

    Угостителските објекти во Касапскиот круг се познати по добрата забава, вкусната храна и извонредната услуга па организаторите не се сомневаат дека ќе дојдат посетители, не само од градот туку и пошироко.

    „Често имаме гости од Врање, Скопје, Кратово, Крива Паланка и пошироко, па не се сомневаме дека и сега нема да биде таков случај. Причина повеќе е и празничниот ден, па ова е прикладен начин да се прослави големиот македонски празник 11 Октомври“, потенцира Димитриевски.

    Манифестацијата „Суџуклијада“ ќе има и хуманитарен карактер, на повеќе места ќе бидат поставени кутии за донација на парични средства наменети за санација на просториите на „Центарот за индивидуална работа со деца со попреченост "Инклузива“.

    Здружението на угостители Бисер од „Куманово“ и компаниите од месопреработувачката индустрија ги покануваат сите заинтересирани на вкусен, препознатлив кумановски суџук, питко вино и извонредна забава.

    Покровители на настанот се градоначалникот и Советот на Општина Куманово.