Утре крводарителска акција во Центар за култура
15.08.2012 08:16
| KumanovoNews
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утре од 9 до 15 часот ќе се оддржи крводарителска акција на која можат да учествуваат сите хумани граѓани.
За оние кои ќе даруваат крв на 26 месецов ќе има еднодневна екскурзија до Дојран. Ова е втора по ред крводарителска акција летово во која крводарителите добиваат бесплатна ексурзија. Воедно оваа акција е последна за овој месец во организација на општинска организација на Црвен Крст Куманово.