Утре крводарителска акција во СДСМ
28.07.2011 09:50
| KumanovoNews
Во просториите на општинската организација на СДСМ утре ќе се спроведе крводарителска акција. Акцијата се организира традиционално по девети пат по повод големиот македонски празник Илинден, а ќе трае до 12 до 17 часот.

Во акцијата покрај членовите и симпатизери на СДСМ можат да учествуваат и други крводарители од градот. Од партијата за оваа акција бираат кум, по што следува зедничко дружење.