Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Граѓаните утре на работа да одат без автомобил, апелираат од Општина Куманово
По повод 22 септември - Ден без автомобили, до сите вработени во јавните институции се сугерира на работните места да стигнат со јавен превоз, пеш или со велосипед се во интерес на зачувување на животната средина.
Главно мото на акцијата е “Чист воздух - вие сте на потег“. Треба да се намалат штетните гасови од автомобилите кои претставуваат стакленички гасови и ја оштетуваат озонската обвивка. Училиштата ги известивме со допис. Јас имам практика често да одам пеш на работа и тоа ќе го сторам и утре. Живеам далеку, пешачам по 40 минути, но тоа е дел од мојот живот - изјави Цветанка Арсиќ, советник во одделение за животна средина во Општина Куманово.
Со ова треба граѓаните да се поттикнат да размислуваат за здрава животна средина и да ги користат автомобилите како превозно средство само кога им се неопходни.