×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Утре почнува “Меѓународниот тамбурашки фестивал 2012“

    22.08.2012 11:23 | KumanovoNews

     Во наредните три дена кумановската публика ќе ужива во звуците на тамбурата.

    Утре почнува “Меѓународниот тамбурашки фестивал 2012“

    На осмиот по ред тамбурашки фестивал, на првата вечер ќе учествуваат групата “Гезме“и доајенот на етно музиката Драган Даутовски. Втората вечер е предвидена за босански тамбураши, а третата вечер ќе настапат словенечки тамбураши и солистот Ладо Лесковар.

    Фестивалот е под покровителство на општината и Советот на општина Куманово. Посакувам се да помине во најдобар ред на осмиот по ред фестивал, да уживаме во убавото тамбурашко музицирање и добрата храна. За целата програма од буџетот ќе бидат одвоени околу 500.000 денари. Дел од средствата ќе бидат наменети за сместување на гости. Ќе имаме гости од неколку амбасади, пред се од Бугарија, Словенија, БИХ и Романија. Ќе има и гости од другите градови. Угостителскиот дел е доделен да целиот плоштад го организира ресторанот “Аџи Трајко“ - рече градоначалникот Зоран Дамјановски.

    За првпат годинава Министерството за култура одвојува средства за поддршка на фестивалот.

     Плоштадот ќе биде така уреден да прими што повеќе луѓе, меѓутоа и атмосферата да ја дава суштината на боемски амбиент затоа што тамбурата е пригодна за боеми. Затоа ќе имаме поставено околу 500 столчиња за граѓаните кои ќе седнат и околу 300 места со ресторанска услуга. Ќе бидат поставени штандови и скари во другиот дел на плоштадот каде што граѓаните ќе имаат можност да си купат скара, сендивич, пијалок, и тоа ќе биде во пластична или лимена амбалажа - изјави Жика Крстевски, раководител на сектор за спорт и култура во општина Куманово.

    Претходните години фестивалот го посетуваа 7.000 луѓе. Организаторите од Фондација за спорт и култура и од секторот за спорт и култура при Општина Куманово ги покануваат граѓаните масовно да го посетат овој културен настан.