Извештајот за работа на Полициската станица Куманово утре на седница на Совет
01.06.2022 13:37
| Сузана Николиќ
Советот на Општината Куманово, утре ќе одржи редовна седница. На дневен ред се 10 точки, меѓу кои и извештајот за работа на Полициската станица во Куманово за 2021 година.
Оваа точка по трет пат се наоѓа на дневен ред, прво извештајот бил повлечен уште на комисија, а по вторпат на седница на Совет, затоа што командирот на Полициската станица беше службено отсутен, а не беше прифатено присуството на друг претставник на полицијата.
Дневен ред:
- Информација за преземени мерки и активности во текот на 2021 година на Полициска станица од општа надлежност Куманово;
- Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.01.2022 – 31.03.2022 година;
3. Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за зголемување на основната главнина на Јавното претпријатие за изградба на инфраструктурни објекти „Куманово – гас“ Куманово, бр. 09 – 8185/52 од 29 декември 2020 година;
4. Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за зголемување на основната главнина на Јавното претпријатие за изградба на инфраструктурни објекти „Куманово – гас“ Куманово, бр. 09 – 515/7 од 20 јануари 2022 година;
5. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за утврдување на недвижни ствари кои треба да бидат предмет на јавно наддавање за издавање под закуп;
6. Предлог – Решение за давање согласност на Ценовникот за изменување и дополнување на Ценовникот на услуги на ЈП „Куманово - план“ – Куманово;
7. Предлог – Одлука за давање согласност за апликација и реализација на проектот „Заеднички системи за управување и интервенција на културното наследство и локалитети - можност за проучување на општественото живеење и подобрување на прекуграничната соработка“;
8. Предлог – Локален акционен план за животна средина на Општина Куманово (2022 – 2028);
9. Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за ослободување од комунална такса за јавно осветлување;
10. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за социјална заштита на Општина Куманово за 2022 година.