×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Утре стартуваат “Денови на комедија“

    01.10.2013 11:57 | KumanovoNews

     Меѓународниот театарски фестивал “Денови на комедија Куманово 2013“ почнува утре со преставата “Солунски патрдии“ во изведба на Драмски театар Скопје.

    Утре стартуваат “Денови на комедија“

    За разлика од претходните години, годинава  фестивалот има најбогат репертоар.

    Имаме рекорден број на претстави 14, обично бројката се движеше околу 10 или помалку. За првпат имаме две претстави од Србија, две од Бугарија и две на албански јазик, од кои едната е подготвена од Центар за култура “Трајко Прокопиев“ и другата од Косово. Фестивалот е доста посетен и за споредба лани беа продадени речиси 5.000 билети. Имаме редовна публика и секоја година бројот на посети се зголемува - вели Роберт Павлевски, директор на Центар за култура “Трајко Прокопиев“.

    Фестивалот ќе трае до 18 октомври, а кумановскиот театар ќе настапи последен на затварање на фестивалот со претстава специјално подготвена за “Денови на комедија“. Тие ќе ја изведат комедијата “Нажалена фамилија“.

    Сите претстави во Центарот за култура почнуваат во 20 часот.