Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во комплексот етно-село „Тимчевски“ утре ќе започне Меѓународната ликовна колонија „ Куманово“. На јубилејното 50. издание ќе учествуваат 11 ликовни автори од: Словенија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговона, Црна Гора, Романија и Македонија.
Оваа година ќе творат Звонко Павличиќ, Милош Шариќ, Марин Милутиновиќ и Никола Марковиќ (Србија); Цвета Хојник (Словенија); Здравко Милиќ и Јосипа Чамбер (Хрватска); Костин Братини (Романија); Ирвин Масличиќ (Црна Гора); Ангел Коруновски и Валентина Илијевска од Куманово.
„Ликовната колонија “Куманово“ има долгогодишна традиција. Како една од поетаблираните колонии и оваа година одбележува еден значаен јубилеј – 50 години од своето формирање. Покрај прилепската и струмичката, се вбројува во редот на најстарите ликовни манифестации во Републиката. Од првата креативна средба, одржана 1974 година во конаците на манастирот „Св. Прохор Пчињски“ (иако неколку пати поради познатите општествено- политички промени ја менуваше локацијата на одржување), до ден денес, колонијата бележи континуирана активност. Како резултат на таа активност НУ Музеј-Куманово располага со богата збирка на дела, која ја надминува бројката од 700 слики и скулптури“, изјави Драгана Спасковска, виш кустос историчар на уметноставНУ Музеј-Куманово.
Колонијата ја организира Музеј-Куманово, под покровителство на Министерството за култура и туризам на Македонија и Општина Куманово.