Утринава се прскаше против комарци во Куманово
22.07.2020 10:10
| KumanovoNews
Во раните утрински часови се изврши второто најавено авиозапрашување против комарци во Куманово.

Со третирањето беше опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реките Којнарка, Липковка и Кумановка. Прскањето го изврши фирмата „Бониер“ од Куманово.
Минатиот месец, Општина Куманово изврши теренско ларвицидно третирање.