Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Кумaново и Старо Нагоричaне синоќа во преполната сала на Народниот театар оддржаа годишно собрание.
На собранието жените дадоа отчет за она што го сработиле во текот на изминатата година.
Ги реализиравме сите активностите кои беа предевидени согласно Акциониот план. Направивме многу трибини од едукативен карактер, учествувавме во хуманитарни акции и настани за сите ранливи групи во општеството, вклучувајќи ги и хендикепираните лица. Можеме да се пофалиме дека членството постојано ни се зголемува. Во нашата партија жените се доминантни. Тоа може да се забележи во секој штаб- рече Злата Божиновска, претседател на УЖ на ВМРО - ДПМНЕ ОК Куманово.
На присутните им се обрати и Даниела Караѓозовска, претседател на УЖ на ВМРО - ДПМНЕ на ниво на Македонија. Во Народен театар на годишното собрание присуствуваа над 300 луѓе.
На прославата беше раководството на општинскиот комитет и коалиционите партнери. По официјалниот дел следуваше заедничко дружење и коктел.