×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Ван Гог“ и „Ареа“ ѕвезди на годинешниов „Мото рок фест“ во Куманово

    06.06.2022 15:18 | Сузана Николиќ

    Рок групите „Ван Гог“ и „Ареа“ се ѕвезди на годинешново издание на „Мото рок фест“, кој во сабота ќе се одржи на спортскиот аеродром Аџитепе во Куманово.

    „Ван Гог“ и „Ареа“ ѕвезди на годинешниов „Мото рок фест“ во Куманово

    Организаторите од мотоклубот „Мечки“ најавуваат богата програма со квалитени музичка гости и посета на моторџии од Словенија, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, како и од секој клуб и град во Македонија.

    „Во 16 часот започнуваме со нашите кумановци „Радиостејџ“, потоа Деј оф“ од Скопје, во 20 часот бендот ќе настапи што оваа година слави 30 години, нашите познати рокери „Ареа“, околу 20 часот е главната ѕвезда на настанот групата „Ван Гог“, а на полноќ гостите од Будимпешта бендот „Ганзн розис“ очекуваме да направат голем спектакл“, изјави Игор Тимчевски, од клубот Мечки.

    Пред почетокот на музичкиот дел, од 14 часот ќе започне пена парти, ќе има фото сесија, изработка на графити, а во 15 часот ќе има бесплатен моторџиски ручек, откако предходно ќе се одржи натпревар во печење на прасиња.  
     
    Покровител на манифестацијата е Општина Куманово, а поддршка дале и голем број на спонзори од градот и државата.

    Влезот на манифестацијата е бесплатен.