Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Непознати сторители демолирале дел од Спомен костурницата на паднатите борци во Куманово.
Вандалите ноќва со копач го исршиле мермерот на една жардињера, ги искорнале зимзелените садници и цвеќе, и ги расфрлале на платото на споменикот. Општетувањата ги открил вработен изутрина кога дошол на работа, и случајот го пријавил во полиција.
Мермерот на жардињерата, плочките и бетонот е скршен со копач или друг алат, што значи сторителот дошол со намера да го направи тоа. При тоа се искорнати и дваесетина садници, а беше расфрлано и цвеќето што вчера делагациите го положија по повод прославата на 9 мај - вели Благица Јовановска, раководител во ЈП „Чистота и Зеленило„.
Од претпријатието незнаат кој можел да го демолира споменикот, но бараат полицијата да ги открие и казни сторителите. И досега имало помали оштетувања и корнење на садниците што го правеле наркозависници, но ова е поголем инцидент. Матерјалната штета допрва ќе се утврдува.