×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВАШИ ПИСМА: Да се наплаќа и водата за наводнување

    27.02.2012 11:34 | KumanovoNews

     Мислам дека „Кумановско-липковск поле„ треба да отпочнало со прибирање на финансиски средства и од индивидуалните корисници на вода, кои најмногу трошат вода од акумулациите, а најмалку плаќаат.

    ВАШИ ПИСМА: Да се наплаќа и водата за наводнување

    Должничко-доверителските односи помеѓу ЈП"Водовод" и Водостопанство не се од сега, тие датираат уште од порано. Додека постоеше ВРО "Водостопанство-Куманово"ЦО Куманово, двете претпријатија беа раководени од еден центар, па сепак вработените во Водостопанство останаа без 19 плати и други побарувања. Координативното тело на поранешно вработените потоа успеа да издејствува долговите да бидат исплатени.

     Би сакал да истакнам, дека се лажат новите и неискусни лица во Водостопанство, кои мислат дека претпријатието ќе функционира како порано, но треба да знаат дека тогаш имаше дополнителни дејности (производство на електрична енергија и др.). Новото претпријатие доби на управување инфраструктура (хидроакумулации, хидросистеми, опрема и резервни делови и др.) со која треба да стопанисува домаќински, а финансиски средства да прибира од водните заедници (индивидуални водокорисници), корисници на технолошка вода и комуналните претпријатија, кои мора да бидат вклучени во Одборот на корисници на вода. Мислам дека „Кумановско-липковско поле„ треба да се заангажира и да ги формира водните заедници со што ќе отпочне  со прибирање на финансиски средства и од индивидуалните корисници на вода, кои најмногу трошат вода од акумулациите, а најмалку плаќаат. На тој начин ќе си го намали товарот за одржување на инфраструктурата, која моментално е преголем залак за способноста и моќта на сегашното петпријатие кое располага со  165 км мрежа на канална инфраструктура, пет акумулациони езера, пет брани и др.

     Поради глобалното светско затоплување и недостиг на водните ресурси кои што се употребливи за човекот, претставуваат само 2%, нерамномерно распределување на водата во простор и време, уште повеќе го лимитира нејзиното правилно искористување. Поради тоа Светската банка во 2003 година финансираше проекти за ревитализирање и трансформација на водоснабдителните ресурси за нивно поефикасно функционирање со финансиска конструкција од околу 7,5 милиони евра, кои беа наменети за трансформација на водостопанските претпријатија, меѓу кои беше и кумановското водостопанство. Така беше основано и Водостопансво "Кумановско-липковско поле" со цел да ги управува, користи, заштитува и планира водните ресурси, комплексно и да постигне најефективно и најекономично решавање на водоснабдителните проблеми. За таа цел се формирашр Одбор на корисници на вода, кој ќе управува со посоченото претпријатие, но во него нема ниту еден корисник на вода (како што е предвидено со закон). Но затоа во неговиот состав се инкорпорираа лица кои врска немаа со водостопанската проблематика и од тогаш почнаа сите проблеми со ЈП "Водовод" Куманово. Претпријатието е едно од поголемите корисници на вода во овој регион и истиот требаше да биде застапен со свој претставник во Одборот на корисници на вода, и на тој начин ќе се воспоставеше соработка на претпријатијата, кои се од витален значај за снабдување на градот со вода, редовно и во интерес исклучиво на граѓаните. Двете претпријатија ги контролираат два центри на моќ, кои се дијаметрално спротивни на политичката сцена и истите се напаѓаат меѓусебно на штета на граѓаните, а со цел да приберат политички поени во целава ситуација.

    Обрад Петковски

    поранешен вработен во

    Водостопанство Куманово