×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ваши Писма: Сакаме да инвестираме во градот, ама во што?

    28.06.2011 10:14 | KumanovoNews

     Работам во Авганистан и би сакал да ги поттикнам надлежните институции во градот и државата да понудат конкретни решенија за инвестирање во проекти од луѓето кои работат во странство, а сакаат да помогнат на Куманово.

    Ваши Писма: Сакаме да инвестираме во градот, ама во што?

    Предлагам локалната власт да понуди проекти и локации за изградба на објекти со кои ќе се гордее градот и граѓаните на Куманово. Како примери ќе посочам дека немаме затворен базен со можност на отварање во летниот период, тобогани, Аква парк, хотели, уредување на Кумановска бања и слични урбани проекти кои му недостасуваат на градот, а се потреба за цивилизираниот начин на живеење. Од нашите инвестиции корист ќе имаат граѓаните, а со тоа и ние самите.

    Во Србија  владата дава 10 000 евра од вработен само да се отвори некоја брендирана компанија за да се намали невработеноста. Ете ние не бараме ништо од нашата влада, ние сме подготвени сами да инвестираме по 10 000 долари, а бидејќи се знае е колку луѓе работат во Авганистан, Ирак, Кувајт,Германија, Швајцарија други земји, тогаш можеме да направиме милионска инвестиција. Ќе се отворат работни места за сите граѓани, без разлика на политичката, национална и верска припадност. Сето оваа може да се направи со помош на консултански фирми, во соработка со градоначалникот и Градскиот совет, а сите ние кои ќе инвестираме ќе бидеме еден вид акционери. Очекувам по овој мој предлог да се размисли и сите заедно да започнеме дебата за негово реализирање.

                                                                                        Кумановец во Авганистан