×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ваши писма: Слобода на говор и мисла совршен идеал на цивилизирано општество

    16.04.2015 07:13 | KumanovoNews

    Слободата на говор и мисла е една од најфундаменталните карактеристики на современото општество.

    Ваши писма: Слобода на говор и мисла совршен идеал на цивилизирано општество

    Во едно такво општество во кое владее слободната мисла и дејствување на граѓаните, постои живот на повисоко ниво во кој сечиј глас и мисла има еднаква тежина и вредност. За да се постигне оваа состојба, потребни се години и години на градење на општеството, многу труд од надлежните и искрена соработка со граѓаните. Иако ова право е загарантирано право кое се содржи во Уставот, во пракса често изостанува, па дури и не постои. Постојат дури и општества во кои ова право претставува мисловна именка. Во неразвиените општества државата режира сцени на демократија, иако со разни симулации и дејствија ја убива слободата на јавното говорење, притоа вршејќи цензура и ширејќи страв.

    Се помалку и помалку постојат слободоумни граѓани кои мислат исклучиво со своја глава, и остануваат на својот став и своето убедување. Погубно е за едно општество во кое луѓето се програмирани да говорат кога им е наредено и како што им е наредено. Независниот глас се поретко се слуша во медиумите, кои се под постојан притисок од власта и над кои се врши терор поради критицизмот и слободната мисла и став. Сите оние кои немат исто мислење како владеачката партија за нив нема место во општеството и се „ликвидираат„ на нечесен начин. За слободоумните, односно оние неистомислениците на лидерот, нема место во државната администрација и општеството во целина. Сето тоа поради разлики во политичката мисла и поради различни идеологии, и на крај се сведува на истребување. Политиката всушност е почетна точка за деградирање на здравиот разум и сопствената мисла, со што демократијата избледува. Во Република Македонија, демократијата постои само како поим, во суштина ја нема не се остварува баш правото на глас кога е често изнудено под притисоци. Се залажуваме дека постои демократија,  а се се сведува на манипулација од мала група луѓе од врвот. Мислам дека ова сценарио ќе го гледаме уште многу време, бидејќи сеуште како народ немаме развиено доволно совест за да направиме една ваква огромна промена, односно чекор кон слободата. За крај да направиме паралела помеѓу минатото (не демократско општество) и денешното ( демократско ). Порано неистомислениците се праќале  на Голи Оток, а тоа одмаздољубие и денес се спроведува, но на малку по софистицирани начини.

                                                               Зоран Андоновиќ III‐4  “Перо Наков“