×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ваши писма: Знае ли некој што е протокол?

    23.09.2011 08:45 | KumanovoNews

    Jавно ја прашувам локалната администрација што значи зборот ПРОТОКОЛ, и дали некогаш се обидела да го примени во својата работа.

    Ваши писма: Знае ли некој што е протокол?

     По уредно добиената покана за Информативен ден по повод отпочнување на „Изработка на ЛЕАП стратегијата за Општина Куманово„, од раководителот на Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, Горан Митевски, во која меѓу другото пишува дека: „Ќе ни биде особена чест и задоволство да бидете дел од настанот. Однапред ви благодарите. Со почит.„, отидов на состанокот.

    И се` ќе беше како што треба, доколку, по којзнае кој пат од страна на локалната администрација не се деградираше институцијата СОВЕТНИК во Советот на Општината Куманово. Иако бев уредно поканет, никаде немаше определено место каде треба да седнам. Бидејќи имаше простор само да се стои до вратата на салата, јас бев принуден да си заминам.

    Затоа сега јавно прашувам дали организаторот знае што значи зборот ПРОТОКОЛ, и дали некогаш се обидел да го примени во својата работа. Поготово што тоа го прави Секторот за евроинтеграции, кој треба да биде пример за примена и почитување на правилата за организирање на било која манифестација.

    На една од минатите седници на Советот беше донесена одлука за формирање на Комисија за изработка на протоколна Општината Куманово. Комисијата досега не профункционира и покрај нејзината неопходност.

    Јавно кажувам дека во иднина, доколку не се променат работите во однос на СОВЕТНИЦИТЕ,нема да присуствувам на ниту една манифестација, а моето мислење го делат повеќето од моите колеги советници.

                                                               Тони Трајковски

                                                             советник на ТМОРО-ВЕП