×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Васко Ѓурчиновски нов командант на ЗОК

    21.08.2015 12:51 | KumanovoNews

    Бригадниот генерал Васко Ѓурчиновски со указ на врховиот командант на вооружението сили, Ѓорѓе Иванов е назначен за нов  командант на Здружена оперативна команда.

    Васко Ѓурчиновски нов командант на ЗОК

    Во касарната “Боро Менков“ денеска се одржа свеченост за примопредавање на должноста командат на ЗОК. Ѓурчиновски доаѓа на местото на потполковник Методија Величковски кој е нов началник на Генералштабот на АРМ. На свеченоста се обрати министерот за одбрана, Зоран Јолевски кој истакна дека извршувањето на должноста командант на ЗОК е предизвик за секој воен лидер, а на Величковски му се заблагодари за придонесот и посветеноста.

    “Убеден сум дека со вашата професионалност, посветеност, трудољубивост, интегритет, дисциплинираност и надополнето со вашите војнички и лидерски вештини, и способности ќе придонесете за презентирање на АРМ на највисоко ниво. Како министер за одбрана, верувам дека ќе ја оправдате довербата што ви ја укажа врховниот командант претседателот Иванов. За секој нов командант на ЗОК има мотив повеќе , секој мандат има и нови предизвици. Периодот што претстои е период со многу работа и голем предизвик во спроведување на реформите во одбраната“-кажа Јолевски.

    Величковски пред присутните кажа дека ќе му биде драго ако секој нареден командант на ЗОК биде што поуспешен и постигне врвни резултати.

    “Во целиот овој период додека работевме настојувавме да создаваме кадри. Во животот и во војската е тешко да се признае, меѓутоа јас морам да ви признаам дека на должноста мене ќе ме замени подобар од мене. Ова ви го кажувам однапред, а сигурен сум дека во наредниот период вие самите ќе се уверите дека генералот Ѓурчиниовски е врвен професионалец“-кажа Величковски.

    Ѓурчиновски вети дека ќе работи на обучување на единиците, подобрување на борбената готовност, стандардот на војниците и справување со сите евентуални закани.

    “Припадници на ЗОК заедно ќе продолжиме со континуиран процес на напорна и макотрпна работа, која бара голема посветеност, пожртвуваност, и одрекнувања. Од вас очекувам максимално залагање во работата , мотивираност, чесност, тимска работа, и лојалност кон ЗОК, АРМ и Република Македонија“- вели Ѓурчиновски.

    Тој е роден во 1970 година во Тетово. Средно воено училиште завршил во Сараево, а Воена академија завршил во Белград. Потоа се дообразувал во САД, Италија, учествувал на многу обуки во земјава и странство, вежби, курсеви и слично.