Вечер на хумор, сатира и музика
09.08.2011 13:08
| KumanovoNews
Во локалитетот Каспски круг, утревечер ќе се одржи вечер на хумор, сатира и музика на познатата хумористична група Куманија.

Гости на вечерта ќе бидат Кумановски тамбураши и Нино Величковски, Маргица Антевска, Боби серафимовски, Томислав Нешковски, Милена Гиевска и неколку музички групи од Куманово, а во актерескиот дел, покрај домаќините членовите на Куманија учество ќе замат и Мице Дудучки, Драгиша Димитриевски Шипе и Горан Христовски Љушка.
Почетокот е закажан во 21 часот, а влезот е слободен. Манифестацијата е дел од кумановско-културно лето.