Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Српската зедница во Македонија и ДПСМ, викендов во Куманово организираа уметничка програма за „Духовноста и културата на српската држава Зета„.
Вечерта беше посветена на празникот Прохор Пчински и стогодишнината од Првата балканска војна и Кумановската битка.
По повод 100 години од најголемите битки на овие простори и Кумановската битка, организиравме повеќе културни манифестации, а активностите ги заокружуваме со вечерашнава програма. Оваа вечер беше претставена историјата на српската држава Зета, преку проекција на филм, настапот на актери од крушевачкиот театар и имавме ретка прилика да го слушнеме српскиот народен гуслар Милан Мрдовиќ- вели Горан Зафировиќ претседател на СЗМ Куманово.
За духовноста и културата на старата српска држава Зета зборуваше Симон Ѓуретиќ, претседател на саборот Зета.