×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вечер на популарни џез хитови на платото пред Центарот за култура во Куманово

    07.08.2024 12:50 | Оливера Пешевска

    На платото пред Центарот за култура, утре/ четврток/ ќе се одржи музичка вечер на популарни џез хитови, во изведба наЈован Цветковиќ на пијано и саксофонистот Игор Величковски.

    Вечер на популарни џез хитови на платото пред Центарот за култура во Куманово

    „Сакаме да понудиме поразлично искуство, вистинско џез доживување за нашите сограѓани. Мини концертот ќе се одржи на отворен простор, а ќе изведуваме добро познати мелодии од Френк Синатра, македонски евергрини и некои нумери кои се стандард во џез музиката. Сметаме дека овој правец е неправедно запоставен и се надеваме дека на овој начин ќе го приближиме до пошироката публика“, изјави Јован Цветковиќ, пијанист.

    Со Игор Величковски соработуваат и настапуваат повеќе од две години, главно на приватни забави, коктел настани или во некој од кафе баровите во градот. Учествувале и на Џез фестивалот во Занаетчискиот дом, единствен настан кој се занимава исклучиво со овој вид на музика.

    Јован Цветковиќ дипломирал пијано на Џез одделот на Музичката академија во Штип, а воедно е и член на оркестарот на НУЦК Трајко Прокопиев, со кој има многу успешни настапи и освоени награди.

    Игор Величковски во моментот работи како наставник во Основното музичко училиште „Панче Пешев“, кај што предава саксофон. Игор дипломира на Музичката академија, на Универзитетот Гоце Делчев во Штип.

    „Се решивме за организација на една ваква вечер за да ја разбиеме монотонијата на долгите летни ноќи и да понудиме содржина со која кумановци ќе уживаат. Полека и се подготвуваме за сезоната исполнета со многу содржини“, објаснува Александар Митрички, музички соработник во Центарот за култура.

    На настанот се добредојдени сите сограѓани, но капацитето на публика која можат да ја примат е мал.