Вечерва изложба “Мајски салон 2013“
30.05.2013 08:09
| KumanovoNews
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ вечерва ќе биде отворена клубската изложба на фотографии насловена како “Мајски салон 2013“.
На овогодинешниот “Мајски салон“ свое фотографии ќе изложат околу 70 автори, односно ученици од средните училишта “Наце Буѓони“ и “Гоце Делчев“, кои претставуваат проектна група на професорката Тања Соларска - вели Владимир Јовановски, претседател на ФКК“Козјак“.
Изложбата се отвара во 20 часот.