×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вечерва започнува Меѓународниот тамбурашки фестивал „Куманово 2020“

    28.08.2020 10:27 | KumanovoNews

    На градскиот плоштад Куманово, вечерва започнува 16-тиот Меѓународен тамбурашки фестивал „Куманово 2020“. Во две фестивалски вечери ќе настапат пет македонски групи.

    Вечерва започнува Меѓународниот тамбурашки фестивал „Куманово 2020“

    Оваа година фестивалот ќе биде само со македонски изведувачи, поради состојбата со коронавирусот.

    Првата вечер во 20 часот фестивалот ќе го отвори группата „Табиет“ од Свети Николе, потоа ќе настапи групата „Боеми“ од Битола. Фестивалот ќе биде затворен од позната група „Синтезис“ кои со својата етно музика и тамбура се веќе впишани во приказната  на тамбурашката музика.

    „Драго ми е што 16-ти пат по ред ќе се случи традиционалниот Тамбурашки фестивал кој веќе е етаблиран и има големо значење во рамките на тамбурашкото музицирање и на балканските простори и пошироко.  И оваа година ќе продолжи традицијата, овој пат само со групи од Македонија, поради состојбата со коронавирусот. Ова е програма која ќе ги задоволи, чинам, нашите сограѓани и гостите на престижниот фестивал. Да го покажеме се` она што го краси тамбурашкото музицирање“, најави Нино Величковски, директорот на Фондацијата за култура и спорт Куманово.

    Втората вечер (сабота)  ќе настапи кумановската група „На здравје“, а фестивалот ќе биде затворен со веќе познатата македонска група „Љубојна“.

    Тој додаде и дека ќе бидат запазени сите мерки за заштита од коронавирусот. На граѓаните ќе им бидат поделени заштитни маски, ќе бидат обезбедени дезинфекциони средства, ќе бидат поставени редари, но поради мерките за заштита оваа година просторот каде што ќе се одржи фестивалот ќе биде ограден и бројот на посетителите ќе биде ограничен од околу 250 до 300 луѓе.

    Манифестацијата ја организира  Фондацијата за култура и спорт Куманово и Секторот за култура, под покровителство на Општина Куманово која обезбеди 800.000 денари и Министерството за култура 200.000 денари.