Вечерва започнува Меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово 2021“

20.08.2021 09:59 | Сузана Николиќ

Пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, вечерва започнува вториот Меѓународен фолклорен фестивал „Куманово 2021 “, кој ќе трае до недела навечер. 

Вечерва започнува Меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово 2021“

Љубителите на фолклорот ќе имаат можност три вечери да уживаат во музиката и игрите на ансамбли и културно- уметнички друштва од Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска и Бугарија. 

Иако претходно беше најавено и учеството на фолколорна група од Грузија, таа е откажано поради коронакризата.

На фестивалот оваа година ќе земат учество четири држави од регионот и шест ансамбли од Македонија.

„Секоја вечер во 18 часот ќе се организира дефиле по улиците на Куманово со сите учесници што настапуваат тој ден, а околу 19.15 ќе биде свечено претставување на учесниците тој ден“, - изјави Мирослав Крстевски, претседател на организациониот одбор на фестивалот.

Вечерва освен домаќините, КУД „Панче Пешев“, со свои точки ќе настапат и Ансамбл „Битола“ од Битола, Ансамбл „Бојмија“ од Гевгелија, Ф.А. ЈУ „Захумље“ од Никшиќ, Црна Гора како и Ф.А. „Славеј“ од Софија, Република Бугарија“,

Со свој репертоар ќе се претставта и „Вараждински фолклорен ансамбл“ од Вараждин, Хрватска како и Уметничкиот центар „Талија“ од Белград.

Втората вечер, однсоно утре ќе настапат КУД „Дрита е Дервенит“ од Сарај, АКУД „Мирче Ацев“ од Скопје, „Славеј“ од Бугарија, Ф.А. ЈУ „Захумље“ од Никшиќ, Црна Гора, „Вараждински фолклорен ансамбл“ од Вараждин, Хрватска како и Уметничкиот центар „Талија“ од Белград.

Фестивалот ќе го затворат КУД „Дримкол“ од Вевчани, домаќините КУД „Панче Пешев“, како и гостите од Хрватска, Црна Гора, Бугарија и Србија.

 

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk