×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Велигден - православните верници го слават најголемиот христијански празник

    05.05.2024 09:31 | KumanovoNews

    Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден -Христовото воскресение, ден кога Исус Христос воскреснал од мртвите.

    Велигден - православните верници го слават најголемиот христијански празник

    По тој повод во сите православни храмови се одржува воскресенска литургија. Верниците се поздравуваат со традиционалниот поздрав „Христос воскресе - Навистина воскресе“. Денеска се кршат велигденски јајца и се јаде мрсна храна по 40-дневен пост.

    Празникот на Христовото воскресение - Велигден е празник на љубовта и мирот, триумф на животот над смртта, на доброто над злото и ден кога Исус Христос воскреснал од мртвите, подарувајќи вечен живот на оние што веруваат во него и докажувајќи дека е Бог.