Велигденски јајца за децата со посебни потреби
19.04.2013 08:51
| KumanovoNews
Членовите на Здружението за грижи и воспитување на децата Куманово за Велигден ќе ја посетат “Порака наша“ и Дневниот центар кај Чик за да им поделат велигденски јајца на децата со посебни потреби.
Сакаме празникот да им го разубавиме на овие деца со ваква хумана акција. Децата од основните училишта на часовите по ликовно ќе украсат велигденски јајца. Оваа акција е традиционална и ја правиме секоја година - вели Виолета Стошевска, претседател на Здружение за грижи и воспитување на децата Куманово.
Таа објаснува дека нивното здружение организира хуманитарни, едукативни и настани со натпреварувачки карактер за децата во градот.