Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Народниот театар Куманово, наредниот петок концерт ќе одржат студентите по оперско пеење Дарко Тодоровски и Симона Чакарјанева.
Тие ќе изведат оперски арии, а на сцената ќе бидат придружувани од пијанистот Андреј Наунов од Скопје. Концертот ќе се одржи во два дела, со што првиот е наменет за македонскa и руска музика, а вториот за оперски класици.
На концертот најавено е дека ќе присуствува менторот Весна Гиновска - Илкова, како и звучни имиња од Музичката академија.
За првпат по 10 години во Куманово младите ќе се обидат да ја оживеат операта како посебен жанр, а на граѓаните да им понудат вистинска уметност.
Концертот почнува во 19.30 часот.