Ветераните ќе го обноват споменикот на Вера Которка
        04.03.2015 09:42
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Членови на Здружението на армиски и полициски ветерани, до крајот на месецов ќе поправат оштетувањата на спомен обележјето на Вера Которка на Пониква.
 
                  “На споменикот е скршена петокраката и ние одлучивме да поставиме нова, а ќе ги поправиме и другите оштетувања. Ќе положиме цвеќе пред споменикот, ќе и одадеме почит на партизанката. Една од нашите цели вметната во програмата е да се грижиме и за спомен обележјата од НОБ“ - изјави Киро Соларски, секретар во Здружение на армиски и полициски ветерани.
Партизанката Вера Которка е родена на 2 април 1925 година во Куманово, а загинала на Осоговските планини кај Пониква во 1944 година.



 
                   
                   
                   
                   
                   
                  





