×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Високата зона во градот и населбите без вода поради дефект на доводниот систем на „Водостопанство“

    07.06.2024 13:14 | KumanovoNews

    Жителите на повисоките делови на градот и населбите: “Карпош”, “Иго Тричковиќ”, “Ајдучка чешма”, “Јане Сандански”, “Перо Чичо”, “Железничка станица”, “Черкези”, како и горниот дел од улица “Бајрам Шабани” и околните улици кои гравитираат околу неа, останаа без вода за пиење поради намален дотур на вода до филтер станица од  хидросистемот Глажња-Липково.

    Високата зона во градот и населбите без вода поради дефект на доводниот систем на „Водостопанство“

    Намалениот доток на вода до филтер станица се должи на дефект на водоводниот систем на АД Водостопанство, поради кој е затворен цевководот бај-пас Ф500.

    Според информации од АД „Водостопанство“, нивните екипи се на терен и активно работат на отстранување на дефектот, кој најверојатно ќе се санира во тек на денот, по што ќе се пушти дотурот на вода до филтер станица и  ќе се нормализира водоснабдувањето.

    „Апелираме до граѓаните да не полеваат бавчи, да не мијат автомобили и да не полнат базени. Водата треба да стигне до секој наш граѓанин“, велат од ЈП „Водовод“ Куманово.